Соседите во шок: „Легна на сандакот на татка си а тој го убил" (ФОТО)

 

Не можеме да поверуваме што се случи, мислевме дека е нормално момче, а излезе дека е психопат. Живеевме со монструм. Спремен е да ја убие жената која живеела за него. Со овие зборови соседите на 23-годишниот Милан Ранковиќ од Младеновав кој направи незапаметено злосторство, раскажуваат што се случило. Младото момче ја уби, а потоа и запали својата 69-годишна баба Мирослава, а се верува дека тој е виновен и за смртта на својот татко кој бил отруен пред неколку денови.

- Веднаш беше ставен на полиграф, аодогворите и досегашната истрага упатуваат на тоа дека најверојатно тој е виновен и за смртта на татка си кој беше најден во распаѓање, вели извор за српскиот Курир.

Соседите се шокирани, велат дека сите ги измамил: - Глумеше дека се грижи, дека е добар. Плачеше и легна над сандакот на татка си, а тој го убил. Два дена по погребот пушти гласна музика, велат тие запрепастени.

Една од сосетките вели дека Милан вечерал кобната ноќ со татка си околу 20 часот. 

- Рече дека вечерале околу 20, па му сварил кафе. Беше потресен и не убедуваше дека починал од срцев удар. Го оплакуваше пред нас, се било глума, вели шокирана соседка.

По труењето на неговиот татко, тој ја убил и баба си, за која оние кои ја познаваат велат дека најмногу го сакала и живеела само за него. 

- Влегол во собата додека спиела за да ги земе алиштата кои се нечисти, а таа почнала да му зборува бидејќи испил литро ракија. Тој и рекол бабо зошто зборуваш така, а таа го удрила, по што како што вели му пукнал филмот и го зграбил ножот и ја убил, па ја запалил куќата, велат соседите.

Според податоците на српскиот Курир, Милан во полиција рекол дека по убиството размислувал на самоубиство.

 

 
 
12.11.2015 - 08:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега