Во сабота сите во Рамстор: Голем попуст, торта и безброј изненадувања

По повод 10 годишниот роденден на Ramstore Mall во продолжение на среќните шопинг викенди, на 14.11.2015 (сабота), освен големите попусти низ продавниците во молот ќе бидете сведоци на многу други изненадувања. Слатката куќа Magic Cake ќе изработи  огромна торта и над 100 мафини инспирирани од новиот визуелен идентитет на Ramstore Mall и 10 годишнината. Воедно ќе има изложба на разновидни чоколади и колачи од други присутни компании,а потрошувачите ќе имаат можност да ги дегустираат сите овие слатки задоволства. Жарот на роденденската забава ќе се разгори со музички бенд кој ќе свири во живо со почеток во 13:00 часот. Rаmstore Mall организира забава и за најмалите. Со почеток во 12:00 часот во склоп на игротеката Dreamland на прв кат, ќе се оддржи детска работилница на тема: „Моето најубаво колаче“ каде сите дечиња ќе можат да изработат и декорираат најразновидни колачиња.

Дојдете во Ramstore Mall на шопинг по одлични цени, вкусна роденденска торта и добра забава во сабота 14.11.2015 од 11 часот.
 

 

 

 

 

 

 

 
 
12.11.2015 - 10:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега