Самоубиство: Жена се фрлила од четврти кат во болница во Србија

Пациентката Д.Д. (45) на Крушевачката болница извршила самоубиство со скокање од четврти кат, а нејзиното тело е пронајдено синоќа околу 18 часот во кругот на здравствената установа.

Несреќната жена, со години имала психички проблеми

Пациентката вчера била примена во болница бидејќи претходно се обидела да си ги пресече вените, но за жал тоа не и бил прв обид, пишува “Вечерње новости”.
Во болницата, според неофицијални информации, била третирана како случај на коматозна состојба, односно како резултат на големата загуба на крв. Се очекува дека за овој случај да се произнесеа Комисијата за внатрешна проверка на квалитетот на работата, која се формира меѓу лекарите кои не се директно врзани за случајот.

Несреќната жена ке од селото Гаревина близу Александровац. Таа била самохрана мајка на две деца.

 
 
12.11.2015 - 11:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега