Сообраќајниот полицаец останал шокиран кога го отворил комплетот за прва помош во својот автомобил

Полицаец од Земун, Србија останал шокиран кога го отворил комплетот за прва помош во своето возило. Наместо вообичаениот прибор за прва помош, тој внатре нашол тоалетна хартија и неколку пакувања пуканки.
Полицаецот за српските медиуми вели дека не може да се изначуди што нашол во своето приватно возило, особено ако се има предвид дека токму тој треба да ги казнува останатите возачи доколку немаат прибор за прва помош.
„Го отворив комплетот кој беше нов, завиткан во целофан. Внатре наместо гази и завои, најдов пуканки. Прв пат го отворам комплетот кој беше во автомобилот уште кога го купив. Замислете, некој друг човек да го имаше овој автомобил. Ќе морав да му напишам казна“ – вели полицаецот кој ги сподели фотографиите во медиумите.

 

 
 
12.11.2015 - 11:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега