Заев во април ќе биде премиер а до тогаш градоначалник за секој случај

Зоран Заев најави дека во април ќе стане премиер на Македонија, а до тогаш, ќе остане градоначалник на Струмица – за секој случај.
Опозицискиот лидер вчера одговарајќи на новинарско прашање најави дека по минатогодишното бегство од соочувањето со граѓаните, на изборите во април 2016 година, кончено ќе се кандидира за пратеник. Заев беше уверен дека во април ќе стане и премиер на Македонија, но рече дека не планира да се повлече од функцијата градоначалник пред изборите.
Од владејачката партија ја поздравија неговата одлука да се кандидира на претстојните избори и најавија дека очекуваат тоа да го стори преку избирачката листа во првата изборна единица каде традиционално се кандидира премиерот Никола Груевски за да може во директен судир да се измерат силите.
Од ВМРО-ДПМНЕ го прашаа Заев зошто не си поднесе оставка од градоначалничката функција, како што ќе го направи тоа Груевски од премиерската доколку е сигурен дека ќе победи на изборите во април.
Но анкетите на јавното мислење покажуваат дека Заев не само што е далеку од победа, туку лидерот на СДСМ се наоѓа пред уште еден тежок изборен пораз и токму затоа, лидерот на СДСМ сака да си ја зачува градоначалничката позиција, барем уште две години.
Според последната анкета на угледната Брима Галуп, ВМРО-ДПМНЕ има двојно повеќе поддршка меѓу граѓаните од СДСМ. Анкетата покажа дека во ВМРО-ДПМНЕ веруваат 23,5% од анкетираните а во СДСМ 12,4%.

Анкета на Брима Галуп

Слични податоци даде и анкетата на Американскиот републикански институт (ИРИ), како и анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје (ИПИС)

Последните избори покажаа дека Заев ја загубил поддршката од граѓаните и во општина Струмица каде што е градоначалник неколку мандати.


Резултати од изборите 2014 во Струмица

Токму во оваа општина на изборите лани, ВМРО-ДПМНЕ имаше предност од над 1200 гласови, а на ниво на цела четврта изборна единица разликата беше скоро 40.000 гласови. 


Резултати од изборите во 2014 во четвртата Изборна едница

 
 
12.11.2015 - 12:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега