ЕКСЛУЗИВНО: Оливер Спасовски одбра луксузно Ауди во кое се превезувал хероин


Оливер Спасовски почна да се вози во новото Ауди кое го зеде уште на првиот ден од неговот техничко именување во министерството. За разлика од претходните министри кои имаа далеку подолг стаж и во однос на времетраење и во однос на реализирани оперативни акции, забележливо е дека Спасовски се движи о дополнителни возила како обезбедување. Скопјани кои живеат во близина на Министерството за внатрешни работи веќе реагирале заради буката и вклучените сирени од неговото обезбедување кога се движеле.

Вчера СДСМ реагираше дека Спасовски ќе ги врател сите возила кои биле запленети во кривични постапки, а според информациите на Press24 токму луксузното Ауди кое го одбрал Спасовски е запленето токму во таква постапка.
Доказ за тоа се и фотографиите до кои дојде Press24 на кои може да се види дека истот возило е запленето во полициска акција во која е откриен транспорт на поглема количина хероин од Косово.

Дали Спасовски ќе го врати возилото како што вчера најавија од неговата партија или ќе продолжи да се вози со него останува да видиме.

ВИДЕО: ТВ Сител

 
 
12.11.2015 - 18:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега