Дипломирала со просек 9,5 и никој не сака да ја вработи откако ќе и ја видат личната карта

Саша е средена, убава девојка од 23 години. Пораснала во Нови Сад и дипломирала на графички дизајн со просек 9,5 како едена од најдобрите студенти во генерацијата. Конкурирала на безброј огласи за работа, но додека на другите во србија им е многу тешко да работата по струката, кај неа тоа прерасна во невозможно. Саша е родена како маж. 

- Јасно се сеќавам, имав околу 4 години кога со мајка ми шетав по улица и го здогледав женскиот излог со накит. се воодушевив и и побарав да ми купи нешто. Нејзината негативна реакција ми покажа дека постои некои проблем, бидејќи јас сум девојче, а тоа околу мене не го гледа и не го признава, па дури ни моето тело, открива дизејнерката. 

Мајка ми сепак ме прифати, но мојот татко никогаш.

- Не можеше да се носи со тоа дека јас сум поинаква, беше насилен кон мене, но тоа јас го преживеав бидејќи имав мотивација да бидам најдобар студент, вели девојката кога воглавно прави прокети преку Интернет.

Кога доаѓа на разговор за работа некои ја одбиваат индиректно, а некои и директно 

- Ми се случувало да бидат директно и неколку пати ми имаат речено дека не сакаат да ме вработат за да не им се наруши нивната репутација, ми се случувало и да ми се смеат и да ме навредуваат, вели Саша. 

 

 

 

 

 
 
12.11.2015 - 18:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега