Press24 му се извинува на СДСМ за „безобразните лаги“

СДСМ во писмено соопштение ја обвинува редакцијата на Press24 дека „безобразно лаже“ во информацијата дека Оливер Спасовски се вози во луксузно Ауди на МВР, запленето при шверц на хероин од Косово.
Според СДСМ Оливер Спасовски не барал луксузно возило. Редакцијата на Press24 му се извинува на СДСМ што заборави дека на Бихаќка одамна се изместени критериумите за тоа што е луксузно а што не. Длабоко се извинуваме за „безобразната лага“, дека ова Ауди од педесетина илјади евра е луксузно возило. Жалиме што заборавивме дека речи си исто вакво возило во СДСМ вози најбогатиот хаус мајстор во Македонија како и партискиот портпарол, додека лидерот се смета за средна класа со капитал кој се брои во милиони евра

Се надеваме дека по извинувањето ќе добиеме и одговор,

 

 Дали Оливер Спасовски се вози во возило кое се користело за шверц на хероин од Косово?

 
 
12.11.2015 - 21:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега