Врие мигранти на границата со Грција - по телеграмата на Спасовски полицијата не знае кој за што има овластувања

Врие мигранти на македонската јужна граница. Полициските службеници кои се вечерва на смена за Press24 велат дека меѓу нив владее целосна конфузија по последната телеграма на техничкиот министер Оливер Спасовски.
„Пристигаат огромен број мигранти а ние не знаеме што да правиме. Не се знае кој за што има овластувања“ – вели еден полициски службеник за Press24.
Оливер Спасовски со телеграма вечерва ја развласти македонската полиција. Тој им ги одзема сите овластувањана началниците, командирите и директорите во МВР, па сега, доколку вечерва Македонија се соочи со терористичка закана, Директорот на бирото за јавна безбедност нема овластувања да испрати специјалци на терен.
Вработени со МВР со долгогодишен стаж велат дека ова е невиден преседан и дека вакво искуство немале за време на нивниот работен век. Според нив, тоа е последица на фактот што на чело на полицијата дојде човек кој никогаш не работел во оваа област, нема никаква стручност и се води според партиски директиви.

 
 
13.11.2015 - 00:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега