Супер вести за викендов

 

Времето во Македонија ќе биде сончево наместа со слаб ветер од променлив правец. Во утринските часови во одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.

Утринската температура ќе се движи од нула до девет, а дневната од 17 до 25 степени.

Во Скопје слично време. Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе искачи до 23 степени.

Утре попладне ќе има зголемување на облачноста и ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец што ќе предизвика опаѓање на дневните температури во недела така што тогаш се очекува да бидат во интервал од 12 до 19 степени. 

 
 
13.11.2015 - 08:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега