Наутро температурите под нулата а потоа... - кој е најстуден град утрово?

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло за овој период од годината. Највисоката дневна температура ќе се искачи до 25-тиот степен, а најниската измерена утринава е -2 степени во Берово.

Во Скопје утрово се измерени 5 степени, а дневната максимална ќе се движи до 23 степени.

Времето во Македонија утре ќе биде сончево, а попладне ќе има зголемување на облачноста и ќе дува слаб до умерен  северен ветер. Температурата благо ќе опадне и ќе се движи од 16 до 23 степени.

Во недела ќе преовладува сончево со мала до умерена облачност, а дневната температура уште малку ќе опадне и ќе се движи од 12 до 19 степени. Од понеделник температурите повторно ќе бидат во благ пораст.

 
 
13.11.2015 - 08:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега