Народни верувања: Денеска помолете се искрно - помошта ќе ви дојде

Денеска православните верници ги слават Светите апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј и Аристовул.

Од Седумдесеттемина. Свети Стахиј му беше помошник на Св. Андреј Првоповикан. Свети Андреј го постави за епископ во Византија. Ја устрои Црквата во Аргиропол и со своето стадо управуваше верно и ревносно. По седумнаесет години епископство се упокои мирно во Господ. Амплиј и Урван исто така соработуваа со Св. Андреј и од него беа поставени за епископи, и тоа Амплиј во Лида или Диоспол Јудејски, а Урван во Македонија. Обајцата пострадаа маченички за Господ Исус Христос. Наркис беше поставен од апостолот Филип за епископ во Атина. Св. Апелиј беше епископ во Ираклија Тракиска. Аристовул, брат на Варнава, ја проповедаше Христовата вера во Британија и таму се упокои мирно.

Сите овие светители денес се пример за искреност, длабока љубов и посветеност кон Бог. Се верува дека сите кои денес ќе се најдат во неволја треба да им се обратат со молитва.

Сите кои ќе се помолат искрено, помошта ќе им дојде.

 
 
13.11.2015 - 10:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа