Делови на Центар и Бутел денеска ќе бидат без вода

 Поради отстранување дефект и изведување водоводен приклучок денеска без вода ќе бидат корисниците на делови од општина Бутел и општина Центар.

Од 9 часот до завршување на интервенцијата без вода ќе бидат корисниците на улиците „Бутелска“ бр. 12 и  „Хо Ши Мин“ во општина Бутел.

Во општина Центар, пак, поради изведување водоводен приклучок од Ф-80мм на улицата „Васил Ѓоргов“ бр. 12 во населба Капиштец, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата „Бел Камен“, дел од улицата Козара и дел од улицата Шарски Одреди од 9 часот до завршување на интервенцијата.

 
 
13.11.2015 - 11:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега