Изградба на две улици во Пехчево

Започнаа градежни активности за изградба на улица „Партизанска“ во Пехчево. Улицата е во должина од 400 метри, а вредноста на проектот изнесува 500 илјади денари, средства од општинскиот буџет.

радоначалникот Игор Поповски истакна дека оваа улица со години била земјена, а со проширувањето и поплочувањето на  улицата ќе се реши долгогодишниот проблем, а ќе им се олесни и движењето на жителите кои живеат на овој потег, пренесува МИА.

 - Јас се надевам дека новата улица ќе ги задоволи потребите на жителите за наредните неколку децении. Изградбата на улицата треба да заврши до крајот на оваа недела, но според досегашниот интензитет на одвивање на работите, се очекува тоа да биде и порано од предвиденото , рече Поповски.

 Истовремено во Пехчево продолжуваат градежните активности за изградба на улицата „Питу Гули“. Средствата за нејзина изградба во висина од над 1.000.000 денари се одвоени од Буџетот на Општина Пехчево. Улицата е со должина од 300 метри, а ширина од 3 метри.

 - Секојдневно ја водиме битката да го разубавиме Пехчево, да изгледа достоинствено како што му доликува на еден град, да решиме што повеќе од отворените прашања  во градот. Вложуваме максимални напори да го подобриме квалитетот на животот на сите жители, рече градоначалникот Поповски.

 
 
13.11.2015 - 11:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега