Со низа активности ќе се одбележи Светскиот ден за сеќавање на жртвите во сообраќајот

Светскиот ден за сеќавање на жртвите во сообраќајот, 15 ноември со низа активности ќе се одбележи и во Македонија.

Засадување на дрвца, промоција на парк посветен на жртвите кои оваа година го загубија животот во сообраќајни несреќи, пешачко дефиле  во повеќе градови, едукативно предавање во казнено- поправните домови за лицата кои што направиле кривични дела поврзани со безбедноста во сообраќајот, јавни трибини и едукативни предавања , посета на гробот на Тоше Проевски кој животот го загуби во сообраќајна несреќа, крводарителска акција, ликовна изложба со детски цртежи  на тема сообраќај  се дел од активностите кои ќе се реализираат неделава што следува.

 Организаторите на оваа кампања,  Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата заедно со своите партнери оваа година праќаат силна порака до сите учесници во сообраќајот „Денови на сеќавање, време е да запрат кривичните дела на улиците“.

-Заедничкиот меморијален ден нуди солидарност и пријателство за семејствата на нашите загинати сограѓани и истовремено привлекува внимание за ставање на крај на ова крвопролевање. Овој ден е одговор на големата потреба настраданите во сообраќајни несреќи  за јавно препознавање на нивната загуба и страдањето и го нагласува влијанието за врз нив и нивните семејства, заедниците и општеството, истакна Стојанче Стаменковски претседател од РСБСП.

 
 
13.11.2015 - 13:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега