Во пожарот изгубивме се, ми остана само една патика - Ивана и Драгана раскажуваат со солзи на очите за нивната судбина

- Се надевавме дека ќе живееме како и сите, во својата куќа, а сега сме и без куќа, без ништо. Ова што го имаме на себе е се што ни остана после пожарот, ова го говрори 14- годишната Драгана Периќ стоејќи во својата куќа во Србија. 

- Неодамна од европските хуманитарци добивме нов покрив над главата. А потоа дојде тој несреќен 13. јули. За само неколку минути оставме без ништо... 

Каде што некогаш била куќата сега стои на рушевини и црни ѕидови над кои повеќе нема покрив. Во гаражата во стариот мебел 8-годишната Ивана ја нашла својата патика. 

- Е, да беше и другата тука, со тага вели детето стискајќи ја розевата патика. 

 

 

- Најтажна бев кога ми беше роденден, во август. Веќе имав се испланирано, ги повикав другарките, се договорив со мајка ми да направи некој колач... А потоа, нема ни куќа, а камоли колчи и на што да ги повикам, што да ставам, акде да ги пречекам, со пола глас рекла Драгана. 

Тие живеат сега во Центарот за социјални грижи. 

 

 
 
13.11.2015 - 14:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега