Го нападна бик - Ѓорѓи загина додека си го напасувал своето стадо

Бик му зададе смртоносни повреди на Ѓорѓи, додека си го напасувал своето стадо говеда, во село Дорфулија.

Вчера околу 17 часот во пасиштата во село Дорфулија, општина Лозово, додека 46-гошишниот Ѓорѓи М. го напасувал своето стадо говеда, го нападнал бик нанесувајќи му тешки телесни повреди со роговите во пределот на стомакот и по целото тело, по што истиот починал на самото место.

Извршен е увид од страна на увидна екипа од Полициска станица Свети Николе, а по наредба на ЈО телото на починатиот е предадено на семејството за погреб. 

 
 
15.11.2015 - 12:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега