Се скараа за оградата: Соседи со тешки повреди завршија во болница

Вчера вечерта во село Гајранци, Пробиштип, дојде до расправија меѓу соседи која заврши трагично.

Р.К. забележал дека неговата ограда од дворот била срушена, па претпоставил дека тоа го направиле неговите соседи браќата Д.М. и М.М. Револтиран, Р.К. зел секира и го скршил ветробранското стакло од паркирано возило „Застава 125“ сопственост на браќата, а потоа заминал. Брќата кога виделе што направил, веднаш влегле во дворот на соседот и физички го нападнале. Во одбрана Р.К. зел нож и им нанел повреди на браќата во пределот на стомакот.

Повредените со Брза помош биле пренесени во Клиничката болница во Штип. Р.К. бил приведен во полициската станица, но од здобиените повреди од тепачката,  и тој бил пренесесен во болница.

Увид извршила увидна екипа од Полициска станица Пробиштип и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 
 
15.11.2015 - 12:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега