(ВИДЕО) Легло на џихадисти на три часа од Белград – Полицијата не и паѓа на памет да влезе

Горни Маоч, село во БиХ, оддалечено триесет километри од границата со Хрватска и познато по тоа што го населуваат вехабисти. Тоа е легло на тероризам, а по стравичниот масакр во Париз, ова место е во центарот на внимание на домашните медиуми.

На самиот влез во селото непрестојно доаѓаат патроли кои ги легитимираат жителите, а сигналот на мобилните телефони исчезнува штом се влезе во селото.

Ова место се смета за упориште на радикалните исламисти и неговите жители речиси цела деценија се под истрага на полициските и известувачките агенции поради сомнеж дека се поврзани со тероризмот.

„Сакам цел свет да биде муслимански, да го сретнат Алах како муслиман. Сакам цел свет да биде исламскизатоа што тоа е добро за цел свет“,изјави новинар на хрватскиот портал Проверено Јасмин Мустајбашиќ, дипломиран правник кој пред седум години го напушти „надворешниот свет“ и дојде да живее во ова село.

Многу мажи од ова село се уапсени поради исламскиот екстремизам. Еден од нив е и Фикрет Зукиќ кој е уапсен во полициска акција „Дамаск“ а чии синови се борат во Сирија.

 

 
 
15.11.2015 - 23:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега