„Глумев дека сум мртва еден час, додека лежев во локва крв“

Петокот вечерта во Париз концертот на групата „ Eagels of death metal", се собрале група на фанови која дошла да го слушне омилениот бенд. Забавата ја прекинале куршумите кои усмртија 80 луѓе, а меѓу преживеаните е и Изабел Боудери, која објави фотографија од својата крвава маица и под неа напиша како била сведок на хоророт. 

Нејзината исповед, која во знак на поддршка има лајкови над 1.500.000 луѓе, ја пренесуваме во целост:  

- Никогаш не помислувате дека тоа може да ви се случи на вас. Беше петок навечер и имаше рок  концерт. Се беше весело, сите пееја и сите се смееја. Одеднаш влета маж на главниот влез и почна да пука, а ние наивно мислевме дека сето тоа е дел од програмата. Тоа не беше само терористички напад, тоа беше масакр. Испукани десетина луѓе кои беа пред мене. Локви крв го исполнија подот. Крици на мажи кои ги прегрнуваа мртвите девојки, во еден момент ја уништија иднината, семејствата со скршени срца. Целосно шокирана и сама, се преправав дека сум мртва повеќе од еден час, лежејќи меѓу луѓето кои ги гледаа своите сакани како беспомошно лежат. Повремено престанав да дишам, се трудев да не се помрднувам да не плачам - само да не го видат стравот оние кои мечтаат за тоа. Ја имав таа неверојатна среќа да преживеам , но многумина не. Луѓето кои како мене дојода да се забавуваат се невини жртви. Светот е суров. 

 

 

 

 
 
16.11.2015 - 09:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега