Водителката на емисијата „Брачен судија“ заедно со нејзиниот син ја избегна трагедијата во Париз

Водителката на емисијата Брачен судија,  Сања Маринковиќ со седумгодишниот син  се нашла среде терористичкиот напад во Париз, но за среќа не се повредени во ужасните  случувања.

- Во моментот кога се случи експлозијата пред стадионот, беше околу 21 или 21 и 30 часот, бев токму таму бидејќи одев до хотелот, но на никој не му беше јасно што се случува. Подоцна на телевизија видов дека настанал хаос и не можев да верувам дека се случува нешто такво само неколку улици од мене. Потоа стигнуваа пораки од пријатели од целиот свет, ме прашуваа дали сме добро. Стахиња цело време спиеше, а јас чекав да видам што се случи, раскажала водителката за српски Курир.

 
 
16.11.2015 - 11:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега