Соседите во шок: Зошто мајката го фрли својот 6 годишен син од тераса во Хиподром

Соседите не слушале кавги во домот на мајката која утрово околу 9 часот си го фрли 6 годишниот син од четвртиот кат на зградата во која живееле во скопски Хиподром.
Тие коментираат дека биле мирни луѓе, со квалитетно образование и стабилни работни места.
Жената утрово пред 9 часот се заклучила во домот во кој била со својот син и излегла на терасата со детето во раце, заканувајќи се дека ќе се самоубие.
Соседите во мирниот дел на населбата Хиподром веднаш повикале полиција. Но жената го фрлила несреќното дете. Тоа се удрило во метална шипка на третиот кат која го ублажила ударот. Еден од соседите кој се нашол на местото се обидел дури и да го фати детето. Сепак од падот тоа се здобило со тешки повреди и итно е пренесено на КАРИЛ, каде според последните информации, лекарите се борат за неговиот живот бидејќи состојбата е мошне критична.
Полицијата и пожарникарите одреден период се обидувале да ја убедат жената да не се фрла од зградата. Соседите велат дека пожарникарите наместиле и балон за да ги спречат повредите од падот, но жената се фрлила од другата страна на зградата. И таа се здобила со сериозни повреди и итно е префрлена во болница. И нејзината состојба е критична и лекарите се борат за нејзиниот живот.
Соседите се шокирани по случајот во нивното опкружување. Велат дека 37 годишната жена и нејзиниот 4 години постар сопруг пред две години се вселиле во зградата. Родителите на сопругот исто така живееле во скопски Хиподром.
Според нив станува збор за одредени несогласувања во семејството со оглед на тоа дека жената го споменувала името на својот сопруг и дека тој сакал да и го одземе детето.
Полицијата не изнесува детали. Од таму велат дека е извршен увид и дека наскоро ќе излеат со повеќе информации

 
 
16.11.2015 - 12:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега