Детали за повредените од Хиподром: Детето има скршеници на главата мајката е на апарати

Скршени коски на главата здобило 6 годишното дете кое утрово неговата мајка го фрли од зграда во скопски Хиподром. Според последните информации добиени од докторите во КАРИЛ, детето нема крварење во главата но лекарите стравуваат дека до тоа може да дојде подоцна и будно се следи неговата состојба. Тој полека станува контактибилен но се уште е во критична состојба.
Мајката има повеќе скршеници во пределот на ребрата. Во моментов таа е приклучена на апарати за дишење и не е контактибилна. Нејзината состојба е тешка и лекарите се борат за нејзиниот живот.

Мајката утрово околу 9 часот 37 годишната мајка најверојатно по семејна расправија го фрли 6 годишното дете од 4 спрат на зграда во скопски Хиподром. Потоа и таа се фрли зградата.

 
 
16.11.2015 - 12:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега