МОН: Се бара изведувач за темелна реконструкција на дел од студентскиот „Гоце Делчев“

Министерството за образование и наука информира дека денес, 16.11.2015 година, на електронскиот систем за јавни набавки на Бирото за јавни набавки е објавен оглас ( број 43/2015) за избор на компанија - изведувач на проектот за санација и адаптација, односно темелна реконструкција на блок А во состав на студентскиот дом Гоце Делчев во Скопје.

Рокот за поднесување на понудите од страна на заинтересираните компании е 7.12.2015 година, кога е предвидено да се изврши и јавното отворање на сите пристигнати понуди.

Инаку, со денешната активност започнува втората фаза од процесот на реконструкција на најголемиот студентски дом во земјата, која се реализира етапно, за да има доволно места за сместување на заинтересираните студенти во текот на академската година.

Градежните активности од првата фаза, која предвиде темелна реконструкција на блокот Б се целосно завршени. Во тек е дистрибуцијата на новиот инвентар, односно опрема и до овој момент целосно опремени и вселени се 2/3 од објектот. 

 
 
16.11.2015 - 13:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега