Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ го одбележа Светскиот ден на дијабетесот

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ од општинскиот комитет Аеродром, во соработка со Комисијата за здравство, во рамките на борбата за подигнување на свеста за шеќерната болест, го одбележа Светскиот ден на дијабетесот во организирана акција пред платото на Трговскиот центар Бисер.

Беа организирани бесплатни мерења на шеќерот во крвта, со делење за промотивни флаери за принципите на исхраната за добро регулирање на шеќерот.

Во рамките на активноста и промоцијата на здравата исхрана на сите минувачи им беа поделени јаболка.

Истовремено во сите Општински комитети на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ беа организирани трибини и активности за одбележување на денот на дијабетесот.

 
 
16.11.2015 - 13:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега