Ременски постави партиски цензор да одлучува за прашањата на граѓаните

Новата министерка за труд и социјална политика Фросина Ташевска- Ременски веќе третиот ден ја злоупотреби функцијата министер во полза на партија, пишува Курир.

remenski

 

Според најновото известување пратено до службите од кабинетотот на Ременски, се дава надлежност на претседателката на партиската комисија за труд и социјална политика на СДСМ Мила Царовска,  да го одобрува или цензурира било кој одговор до граѓаните, што е спритивно на кодексот за професионално однесување на администрацијата.

„Почитувани колеги. Ве известувам дека за сите прашања добиени од официјалната маил адреса на Министерството за труд и социјална политика mtsp@mtsp.gov.mk кои ќе бидат доставени до вас за одговор, потребно е пред да го испратите одговорот (до лицето кое побарало одговор), да ви биде одобрен од Кабинетот на министерот (Јована Тренчовска и Мила Царовска). Ве молам проследете го меилот за информирање на вашите сектори и одделенија. Со почит“ - стои во меилот испратен до сите секотори во МТСП.

Како може претседателка на партиска комисија која не е вработена во министерството за труд и социјална политика да одобрува било каков одговор на стручните служби во министерството?

Ива е досега невиден скандал, партизација на институциите и злоупотреба на овластувањата на Ременски.

 
 
16.11.2015 - 13:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега