Детали за трагедијата од Хиподром: Таткото гледал како сопругата го фрла синчето од тераса

Таткото на шест годишното момче кое е тешко повредено, откако неговата мајка го фрли од терасата на станот на 4 кат, целата драма ја гледал од пред зградата.

Очевидци на настанот во Хиподром велат дека таткото ја убедувал сопругата да не прави такво нешто, но бидејќи не бил сигурен повикал неколку лица за да му помогнат и да го пречекаат детето долу, доколку се случи најстрашното, пренесе Курир.

Разубедувањата не помогнале, мајката го седнала детето на оградата од терасата и го турнала. Малото момче удрило со глава во метална шипка на третиот кат, а со возило на Итна медицинска помош било веднаш пренесено во Ургентниот центар. Лекарите констатирале дека шестгодишниот Марко има фрактура на черепот, но се наоѓа надвор од животна опасност.

Повеќе детали за трагичниот настан прочитајте ТУКА.

 
 
16.11.2015 - 15:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега