ДЗС: Се очекува зголемување на бројот на вработени

Eкономската состојба на деловните субјекти во третото тримесечје од годинава е речиси на еднакво ниво како во претходното, а е поповолна во однос на третото тримесечје од лани, соопшти Државниот завод за статистика. 

Раководителите на деловните субјекти очекуваат економската состојба да биде поповолна во наредните две тримесечја и да се зголеми бројот на вработени, пренесе МИА.

Најголемо влијание на ограничувањето на економската состојба на деловните субјекти во третото тримесечје од 2015 година имале слабата побарувачка на купувачите со 23,1 процент, добивањето банкарски кредити со 15,1 отсто и зголемената понуда на пазарот со 13,4 проценти. 

Финансиската состојба во третото тримесечје од годинава е поповолна во однос на второто, количината на залихите е зголемена, продажните цени се исти, а во наредните три месеци се очекува нивно зголемување.

Оценката за очекуваните порачки за наредниот период е дека ќе се намалат. 

Индикаторот на доверба во трговијата на мало во третото тримесечје е зголемен за 0,1 процентен поен во однос на претходното тримесечје, а за 1.4 процентни поени во однос на истото тримесечје од 2014 година.

 
 
16.11.2015 - 15:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега