Уапсени терористи на косовската граница со Македонија

Косовската полиција на граничниот премин со Македонија, „Генерал Јанковиќ“ уапси три осомничени лица за тероризам, јави Танјуг, повикувајќи се на порталот „Коха.нет“.

- Трите лица се уапсени под сомнение дека сториле кривично дело организирање и учество во терористички групи. Осомничените се уапсени на граничниот премин „Генерал Јанковиќ“, кога излегувале од Македонија, каде претходно беа вратени од турските власти, се наведува во соопштението на косовската полиција.

Полицијата извршила и претрес на две локации при што биле пронајдени релавантни докази.

На тројцата уапсени одреден им е притвор од 48 часа.

 
 
16.11.2015 - 16:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега