Очевидец за трагедијата во Хиподром: Го фативме детето пред да удри на земја

Мајка си го фрли шест годишниот син од 4-ти кат, па скокна од тераса. Трагична семејна драма се случуваше утринава во скопски Хиподром. Триесетиседумгодишната жена околу 9 часот излегла на тераса со детето во рацете и почнала да се заканува. Сопругот со уште неколку лица кои биле пред зградата се обидувале да ја отргнат од намерата, пренесе Курир.

Соседот Златко Ордевски сакал да помогне и да го фати детето. Видно вознемирен од немилиот настан раскажува за грозоморниот чин.

-Имаше сомнежи дека ќе го фрли детето. На 4 спрат излезе госпоѓата го повика сопругот, тој рече дека е тука, имале некоја семејна расправија не знаеме што се случило и одеднаш го фати детето за мишките го седна на ступчето и го турна надолу, вели соседот Златко Ордевски.

При падот 6 годишното дете удрило во шипка за алишта на третиот спрат и ја повредило главата, но тоа ја успорило брзината на паѓање.

-Ние го фативме детето пред да удри на земја, сигурен сум дека не удри на земја, детето дишеше, го земав во раце и го однесеов во Брзата помош, додаде Златко Ордески.

Детето веднаш било префрлено во Ургентниот Центар. Во возилото се качил и таткото. Драмата пред зградата на улицата Пехчевска продолжила . Мајката се заканувала дека ќе се самоубие со скокање од балконот. Во меѓувреме полицијата и пожарникарите подготвувале балон . Во 10.20 минути  жената се фрлила, но од другата страна на терасата и паднала на бетонот. Двајцата се пренесени во Клиничкиот центар со тешки повреди, но надвор од животна опасност.

 

ИЗВОР: КУРИР

 
 
16.11.2015 - 16:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега