Лашкоска: Невработеноста во Македонија е на најниско можно ниво досега

Пратеничката од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Ане Лашкоска во реплика кон Марјанчо Николов по повод Буџетот за 2016 година кои денес се најде пред пратениците, му посочи дека најважно за граѓаните се отворените нови работни места и дополнителните работни места кои се очекува да се отворат со новите инвестиции како намалувањето на невработеноста на рекорно најниско ниво од 26,8%.

-         

Најважно е што во овој Буџет има средства за проекти кои што веќе се реализираат , проекти за кои што тендерите во голем дел се завршени односно проекти кои што се видливи за граѓаните и се дел од програмата на Владата на Република Македонија, а воедно и дел од барањата на граѓаните. Продолжете слободно да ја критикувате економијата меѓутоа резултатите се видливи. Колега Марјанчо, она што треба да биде важно за вас како велешанец е тоа што во Велес се отвори фабриката Маркард која што ќе вработи 600 лица, она што треба за вас важно да биде е што вчера премиерот Груевски најави отворање на уште една фабрика во Велес. Она што е важно за Република Македонија е дека невработеноста од 1997 година па наваму е на најниско можно ниво од 26,8%, државата е умерено задолжена, а вие и понатаму можете да лицитирате со бројки колку што сакате.

Лашкоска исто така го потсети Николов на предходните години кога тврдел дека странски инвестиции немало да дојдат и да инвестираат во Македонија, а се покажа токму спротивното.

 

-         

Има промена во вашето излагање во однос на минатите години кога сте го разгледувале буџетот за наредната година во врска со вашиот однос спрема странските инвестиции. За разлика од предходните години кога излегувавте на говорница велевте дека џабе Владата оди и бара странски инвестиции и дека нема нови фабрики, за денес реалноста да е сосема поинаква односно во секоја поголема општина има по некоја нова отворена фабрики, а со тоа се намали невработеноста .

 
 
16.11.2015 - 16:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега