Цуклев: Големиот буџет е резултат на зголемен БДП, поголема новосоздадена вредност и сопрената сива економија

Пратеникот Драган Цуклев од Пратеничката грѕупа на ВМРО-ДПМНЕ на денешната пленарна седница посветена на Буџетот за 2016 година на собраниската дебата посочи дека во 2015 година многу повеќе е подобрен животниот стандарт за разлика до 2005 година кога СДСМ биле на власт.

- 2005 година просечна нето плата 12 595, 2015 година 21 861 денар, зголемување од 75% до денес. Најниската пензија 2005 година во споредба со 2015 година зголемена за 88%, просечната пензија зголемена за 77%. Колега Николов, како економисти дали во Македонија од 2005 година наваму има 75% или 78% инглација па за да зборувате дека сиромаштијата сега е поголема во споредба со 2005 година. 2005 година 77% од просечната плата се трошеше за потрошувачката кошничка, 2010 година 58% од просечната нето плата се трошеше за потрошувачката кошничка, кога е поголем стандардот денес или пред 2006 година.

Цуклев посочи дека домаќинското работење на оваа Влада е тоа што го полни буџетот, а не дека буџетот се полнел преку мегаломанство и санкции.

 

- Бруто домашниот произвот е за 90% повисок од времето пред 2006 година, поголема е новосоздадената вредност и сопрена е сивата економија, тука лежи причината за зголемувањето на буџетот, не лежи ниту во мегаломанство ниту во казните за кои што зборувате.

 
 
16.11.2015 - 17:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега