Психолози: Мајката од Хиподром била во состојба на стеснета свест

Психолозите велат дека овој трагичен настан не можел да се предвиди - семејството навидум функционирало добро, пишува Алфа.

Стеснета свест - вака експертите ја објаснуваат психолошката состојба на мајката. Тие додаваат дека во тој момент таа немала никаков контакт со реалноста. Од детската амбасада „Меѓаши“, како што пренесува Алфа, велат дека од нивното досегашно искуство жртвите на семејно насилство, како што сакале себе да се прикаже мајката, ги штитат своите деца. Додека оние што сакаат да се самоубијат, го прават тоа тајно.             

Инаку, ова не е прв случај мајка на некој начин да му наштети на своето дете, велат од „Меѓаши“. Од нивното досегашно искуство, како што објаснуваат од првата детска амбасада, траумите кај децата остануваат доживотно.

 
 
16.11.2015 - 19:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа