Скопските клиники ечеа од бесен пациент- скопјанец нападна недолжна докторка

Насилен пациент вчера вечер нападнал дежурна лекарка на Клиниката за гастроентерохепатологија, пишува НОВА. 

Според НОВА, насилникот е млад човек од населбата Ѓорче Петров, кој на полицијата и е веќе познат. Тој повраќал, па дошол на клиниката со својата сестра и барал преглед без упат, туку со усна сугестија од скопскиот Ургентен да се јави на Гастроентерохепатологија. Дежурната лекарка го примила и го прашала дали ги поминат сите процедурални прегледи претходдно, кај матичен лекар и во болницата „8 Септември“ бидејќи тегобите биле од пред 2-3 месеци. Нејзините прашања го разбеснале пациентот и тој почнал да вика, да ја навредува лекарката, да ја турка, а дури и го скршил мобилниот телефон, објавува НОВА.  

Тогаш пациентот почнал да вика да и се внесува во лице, да ја навредува и турка, а во еден момент кога растревожена неможела да се извлече од ситуацијата и зазвонил телефонот по што таа го вклучила да се јави и побара помош, но пациентот силно ја удрил по раката. 
Случајот веднаш бил пријавен во полиција, а лекарката поради препорака од психијатар се наоѓа на боледување. 

-Ниту сум насилна, ниту некогаш сум дозволила некој пациент да остане без медицинска помош. На клиниките има нередба од нашите директори доколку медицинскиот персонал е насилен пациентите да пријават. Каде сега јас да пријавам, истакнала докторката за НОВА, додавајќи дека случајот ќе го пријави и во Министерството за здравство. 

Извор: НОВА