МТСП: Семејството од Хиподром не било предмет на службите за социјална работа

Министерството за труд и социјална политика  информира дека семејството од Хиподром од кое мајка изутрина го фрлила шестгодишниот син  од четвртит кат на зградата во која живеат, а потоа и таа скокнала,  не било предмет на стручните социјални служби.

- Во врска со немилиот настан кој што се случи денеска во населбата Хиподром и којшто ја потресе јавноста, Министерство за труд и социјална политика по спроведената активност за проверка ја информира јавноста дека семејството не било предмет на стручните служби на Центарот за социјална работа-Скопје и подрачните единици на Центарот, се вели во соопштението од МТСП.

По настанот детето и мајката во животна опасност се хоспитализирани во Ургентниот центар во Скопје.

 
 
16.11.2015 - 21:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа