Две лица повредени во сообраќајка кај Дреново

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случи вечерва  на регионалниот пат Градско-Прилеп во атарот на селото Дреново.

- Во сообраќајката учествуваа два патнички автомобила. Со повреди се здобија двајцата возачи кои се пренесени во Јавната здравствена установа Општа болница Кавадарци, информира Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес. 

Во тек е увид, а сообраќајот се одвива нормално.

 
 
16.11.2015 - 21:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега