Хорор: Ја заклал сопругата пред гостите на слава

Жител на селото Варварин во Србија, Н.П. ја заклал својата сопруга М.П. во семејната куќа.

Н.П. ја заклал својата сопруга М.П. во семејната куќа во ова село околу 16 часот, додека семајството ја празнувало славата Ѓурѓиц.

Според неофицијалните информации. Н.П. ја заклал сопругата во кујната додека куќата била полна со гости.

Сеуште не е познато што му претходело на крвавиот чин. Несреќната жена починала во Домот на здравје во Варварин од здобиените повреди.

Осомничениот Н.П. е приведен и му е одреден притвор од 48 часа.

Тој бил вработен како месар во локалниот ресторан.

 

 

 
 
16.11.2015 - 22:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега