Седницата на косовскиот парламент прекината - повторно солзавец

Вонредното заседавање на косовскиот парламент беше прекинато со солзавец и бибер спреј, пренесе Коха.нет.

Припадниците на специјалните сили на косовската полиција со солзавец ги растерале демонстрантите, кои се собраа пред споредниот влез на зградата за да ја поддржат опозицијата која го блокира парламентот.

Инаку седницата продолжи по неколку минути во помошната сала.

За време на судирот уапсен е еден демонстрант.

 
 
17.11.2015 - 10:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега