ВИДЕО: Детали за синоќешната сообраќајка на раскрсницата Партизнаска - Рузвелтова
Како што пренесе Press24 вчера вечерта, околу 20:30, се случи сообраќајка на раскрсницата на булевар „Партизнаски Одреди“ и Рузвелтова.
Во несреќата две леца завршија со полесни повреди.
Инаку на раскрсницата се судрија три возила, Ауди, Сеат Леон и Шевролет, со скопски регистарски таблички.
Очевидци сведочат дека насекаде имаше стакла и делови од автомобилите.
Полицијата неколку часа вршеше увид.
17.11.2015 - 10:34
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа