Драма во Тетово: Ја тепал невенчаната сопруга додека не се онесвестила
Педесет годишната З.Р. од тетовското село Лисец вчера попладне пријавила семејно насилство што претходно го извршил нејзиниот невенчан сопруг А.И.(54) од Расадиште.
Додека З.Р. ги напасувала овците во атарот на селото Жеровјане, дошол сопругот и по кусата вербална расправија со неа и удрил неколку шлаканици. Кога се обидела да се одбрани со дрвениот стап и го грабнал од рацете и потоа повеќе пати ја удрил по главата и телото, од што набрзо загубила свест.
Мештани со возило ја пренеле во тетовската клиничка болница, укажана и е лекарска помош и констатирани се повеќе видливи повреди на рацете и лицето, кои се фотодокументирани.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа