Маж ми ме тепаше, а не смеев да прашам зошто - Убиената Милица своите маки ги запишувала во тефтер

Милица Павловиќ (60) која вчера беше убиена од страна на нејзиниот сопруг Небојша воделзаа дневник во кој опишувала се што и се случувало во животот. 

- Бев млада, бев убава, но мене живото ме однесе како да бев слепа. Се заљубив на прв поглед во маж кого ниедна жена не би можела да го издржи. Од првиот ден од бракот тој пиеше во големи количини и беше многу насилен , како во семејството, така и по улиците, зашишала Милица во нејзиниот дневник.

Таа исто така пишала дека и нејзината свекрва трпела малтретирање, а само сакаше еден ден својот роден син да го види трезен.

- Сега имам 60 години, но се прашувам како сум се уште жива. Додека ме тепа, не смеам да прашам зошто ме удира. Неговата мајка ме моли да си одам, таа мора да го трпи насилството, но да не трпам и јас. Бев млада и љубовта беше посилана од мене и секогаш надевала дека ќе дојде подобро време. Верувале или не, тоа никогаш не дојде, затоа и пишувам во дневникот за да си ја олеснам душата и да им дадам совет на жените дена подобро утре кај такви луѓе....

 

 

 
 
17.11.2015 - 19:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега