Делови од Скопје без струја

Поради технички зафати во електро-системот без електрична енергија денеска ќе останат делови од општините Центар. Чаир и Студеничани, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.

Во периодот од 8:30 до 14:30 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од селото Љубош во општина Студеничани, од 9:00 до 13:30 часот корисниците од улиците Васко Карајанов, Орце Николов, Антоние Грубишиќ и Мирослав Крлежа во општина Центар и во периодот од 9:00 до 14:30 часот корисниците од дел од стара Чаршија и дел од Дуќанџик во општина Чаир.

 
 
18.11.2015 - 09:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега