Хаџиски на обвинителна клупа: Ќе прозборат ли родителите на убиената во Судницата?

Во скопскиот Кривичен суд се очекува да продолжи судењето за убиството на Мери Јошеска во 1993 година во скопски Аеродром. Следни кои треба да го дадат своето сведоштво во судницата се родителите на Мери, несреќната девојка која беше убиена, пренесе Телеграф.

Инаку, на минатото рочиште кога Хаџиски по долги години седна на обвинителната клупа, изјави дека не се сеќава на немилиот настан од пред 22 години. Рече дека бил приведен од скопско кафуле, а потоа неколку дена пред судењето прв пат го прочитал обвинителниот акт, и тврди дека во него има нешта кои не се вистинити. На минатото рочиште во судницата биле јавен обвинител, тројца адвокати од одбраната, неговите мајка, брат и снаа, додека од страната на Мери немало присутни, за што судијката објаснила дека покани биле доставени, но родителите на несреќната девојка ја промениле адресата.

За потсетување, убиството кое ја потресе Македонија се случи на 18 јули 1993 во станот на младата Мери со која Хаџиски, најбараниот убиецц во Македонија, бил во врска. Хаџиски пред 20 години започнал расправија со девојката. Тој најпрвин почнал да ја дави Мери со рацете, а потоа со кристален пепелник ја удрил еднаш по десното рамо и двапати по главата. Потоа со кујнски нож, кој го носел со себе, и задал десетици убоди по целото тело. Утврдено е дека секој од 40-те убоди сам по себе не бил смртоносен, што значи дека жртвата очајнички се бранела, но не успеала да се оттргне од канџите на насилникот. Девојката починала во големи маки.

По убиството тој успеа да избега од затвор. 

 
 
18.11.2015 - 10:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега