ФОТО: Паѓаат канделабри во општина Центар

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, можеме да го видиме на терен само кога се појавува за сликање.

Каде што реално има потреба да биде, онаму каде што има проблеми, Жерновски го нема!

На една од најпрометните улици во Дебар Маало, општина Центар, се паднати канделабри на улица, но градоначалникот не превзема ништо.

Станува збор за улицата каде се лоцирани гостилници, кафеани и локали кои постојано се полни со луѓе, а улицата завршува кај бензинската пумпа на „Свети Климент Охридски“.

Иронично, но денес Жерновски се појави на прес-конференција говореше за намалување на дозволената брзина за возење во Демар Маало. Таму ќе се вози со 30 километри на час, но паднатите канделабри кои директно ја загрозуваат безбедноста, не се тргаат.

 

 

 
 
18.11.2015 - 10:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега