Цела зграда евакуирана - Дојава за бомба во судска палата во Белград

Судската палата во Белград во која се сместени сите кривични судови и обвинителствата во главниот град на Србија утрово била комплетно евакуирана по дојава за подметната бомба.
Анонимната дојава стигнала пред 10 часот, а евакуацијата на вработените и сите кои се затекнале во зградата траела до 11 часот.
Антитерористичките екипи на српското МВР веднаш излегле на терен и ја пребарале зградата по што со утврдило дека станува збор за лажна дојава.

 
 
18.11.2015 - 11:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега