ВИДЕО: Хаос во Косово - нереди низ улиците

Во Приштина повторно ескалираа судирите меѓу полицијата и опозицијата, откако Судот соопшти дека на пратеничката Доника Кадај од Алијанса за иднината на Косово и е одредена мерка притвор од 30 дена.

Демонстрантите фрлаа камења кон полицијата, а таа одговори со солзавец. Демонстрантите успешно беа растерани од плоштадот пред владата, но полицијата продолжи да ги следи во обид за спречување на повторен собир.

Во близина на Националната галерија е запалено комбе и на тоа место се собра полиција. Демонстрантите од плоштадот, се повлекоа во близина на Народната библиотека. Полицијата не влегла во библиотеката бидејќи таму има студенти, кои многу лесно можат да се приклучат на протестите.

Според Коха.нет, основниот суд одреди притвор за пратеничката. Таа беше уапсена сабајлево во Приштина.

 
 
18.11.2015 - 21:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега