Детали за пукањето во Сараево: Убиецот дел од вахабистичка група

Според моменталните информации, убиецот на војниците најверојатно е припадник на вахабистично движење, пишува Аваз.

Сеуште нема потврдени информации дека едниот од убиените е Бошњак, а другиот Србин.

Истрагата е во тек, па не може да се каже дека убиството е терористички напад.

Во Сараево вечерва се убиени двајца војници од Вооружените сили на БиХ, пренесува Независне.

Од кантонот Сараево случајот е потврден:

„Во населбата Рајловац вечерва дојде до употреба на огнено оружје“.

Лицето кое го изврши убиството е во бегство, а според неофицијални извори напаѓачот пукал и во автобус кој се наоѓал во непосредна близина.

 
 
18.11.2015 - 22:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега