Трагедија во Гостивар: Маж го загуби животот

 

Уште една трагедија ја потресе Македонија. Во 17 часот во текот на вчерашниот ден, на локалниот пат што го поврзува селото Градец со автопатот Гостивар-Тетово, гостиварчанец го загубил животот. Се работи за 92-годишниот Рефик А. од Градец кој за жал бил прегазен со трактор и поради сериозноста на повредите починал на местото на настанот. 

Како што јавува полицијата, во моментот кога Рефик А. ја поминувал улицата, бил удрен со трактор „Њу Оланд“ без регистарски ознаки, управуван од страна на 76-годишниот В.Х.

Полицијата и Брзата помош можеле само да констатираат смрт.

 
 
19.11.2015 - 12:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега