Малолетничка имала интимен однос со двајца возрасни во скопски клуб!

Скандалозниот чин го откриле вработените од обезбедувањето откако насилно ја отвориле заклучената врата.

Во ноќните клубови итно мора да се затворат вратите за малолетниците за да не се доведуваат во опасност, коментираат граѓаните на социјалните мрежи по информациите дека малолетничка имала сексуален однос со двајца возрасни мажи во тоалетот на една скопска дискотека, пишува Нова Македонија.

Скандалозниот чин го откриле вработените од обезбедувањето откако насилно ја отвориле заклучената врата.

- Вратата од тоалетот беше заклучена подолго од петнаесетина минути, а однатре никој не одговараше на нашето тропање. За момент помисливме на најлошо, бидејќи многу често се случува пијани лица да се онесвестат или да заспијат во тоалетот. Па, откако ја отворивме вратата, внатре видовме малолетничка што имаше секс со две возрасни лица - вели Б.К., вработен во обезбедување на една скопска дискотеката.
Тој, според неговото кажување, случајот не го пријавил во полиција, бидејќи девојката самоволно го извршила чинот, а исто така едно од лицата било нејзино долгогодишно момче.
- Тројцата беа видно пијани, но кога ја отворивме вратата одеднаш како да се отрезнија и засрамено излегоа од дискотеката - низ смеа објаснува обезбедувачот.

Од Министерството за внатрешни работи за Нова Македонија велат дека немале пријавено случај за сексуален напад врз малолетник во ноќен клуб.

Како што објаснуваат социолозите, алкохолот е главна причина за голем број невкусни работи што им се случуваат на децата.
- Секое дете што навлегува во пубертет веќе замислува дека е возрасен човек, па затоа е многу тешко да се контролира. Тие ги минуваат ноќните часови во дискотеките и кафулињата, а една од поважните работи им претставува да се опијанат. Тоа се смета за нормална појава, бидејќи во такви периоди тие се многу љубопитни, па затоа целата одговорност им припаѓа на родителите и на сопствениците на ноќни клубови, кои не смеат да им точат алкохол - објаснува Анета Љубеновиќ, социолог од Скопје.

Повеќе за овој скандалозен чин во Скопје, прочитајте на Нова Македонија.

 
 
19.11.2015 - 17:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега