Млад Македонец повреден во војна помеѓу моторџиски банди во Швајцарија

Момче од Македонија е повредено при војна помеѓу членови на моторџиската банда Hells Angels и ривалската банда Црни Јакни во Швајцарија, јавува lematin.ch.

Се работи за 23-годишен Македонец кој носел јакна со амблемот на бандата Црни Јакни. Инцидентот се случил на бензинска станица во Oftringen Aargau во понеделникот навечер.

Според информациите од полицијата, напаѓачот е 47-годишен Швајцарец кој бил во алкохолизирана состојба. 

Македонецот завршил со потешки повреди, а бил испрскан и со пепер спреј.

Инаку, битката меѓу овие две моторџиски банди трае веќе некое време. Инциденти меѓу моторџиски банди не се ретки во Швајцарија, но ова бил втор напад во неколку дена.

Извор: lematin.ch.

најчитано сега